Исламот е религија која му беше дадена на Адам, првиот човек и првиот Божји Пратеник, а исто така била и религија на сите Пратеници пратени од Бог на човековиот род. Името на Божјата религија, ислам, не беше донесено од подоцнежните човечки генерации. Тоа беше избрано од самиот Бог и беше јасно истакнато во Неговото последно откровение за човештвото. Во последната книга на Божественото откровение, Куранот, Бог го изјавува следново: „Денес ви ја усовршив верата ваша и го исполнив благодатот Мој кон вас, и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ Куран, 5: 3